Технологија со кристализација „Xypex“
Пред 55 години, прикажувајќи генијална остроумност, група хемичари во „Xypex Chemical Corporation“ создадоа технологија што го измени начинот на кој бетонот се заштитува од течности што навлегуваат во него.
Основа за создавањето за технологијата со кристализација „Xypex“ претставуваше длабокото разбирање на хемискиот и физичкиот состав на бетонот. Бетонот е порозен. Неговите капилари што наликуваат на тунелисе природен дел од неговата маса, и дозволуваат минување на вода и други течности. Истражувачите во„Xypex“ја препознаа можноста за хемиски третман што би ги наполнил овие капилари, со цел да се спречи навлегувањето на вода и други течности од кој било правец. Со разлевање, реактивните хемиски супстанцииво производите на „Xypex“ ја користат водата како носечко средство за навлегување и патување низ капиларите на бетонот. Овој процес ја забрзува хемиската реакција меѓу „Xypex“, влагата и нуспроизводите од хидратацијата на цементот, со што се формира нова, нерастворлива кристализирана структура. Оваа интегрална структура ги пополнува капиларните патишта, со што бетонот станува водоотпорен.
Фактот дека технологијата со кристализација „Xypex“ сега има технички податоци, и се употребува во илјадници различни хидроизолациски проекти низ целиот свет, е доказ за оригиналниот концепт. Технологијата за хидроизолација со кристализација беше идеја што растеше, бидејќи хемичарите на компанијата „Xypex“ ги испитуваа својствата на бетонот и најдоа начин да го подобрат. Денес, ние ја продолжуваме традицијата.
Анимација за технологијата Crystalline на Xypex
Како работата врз технологијата Crystalline на Xypex за водоотпорност и заштита на бетонот и понатаму е во рамките на интересот и фасцинираноста на специјалистите за бетон и градежните компании ширум светот. Преку повеќепати зголемен приказ на еден капилар, анимацијата покажува како Xypex навлегува во бетонот и како крајната резултатна каталитичка реакција води до формирање нерастворливи кристали и бетонска структура што е трајно водоотпорна дури и при висок хидростатски притисок.
Предностите на Xypex
Xypex е уникатен. Кристалната природа на системот за хидроизолација Xypex обезбедува многу предности во примената во споредба со традиционалните производи за создавање заштитен слој.
Xypex е различен
Кристалната природа на системот за хидроизолација Xypex обезбедува многу предности во примената во споредба со традиционалните производи за создавање заштитен слој.
- За нанесувањето на Xypex не е потребна сува површина; напротив, површината треба да биде влажна.
- Времето не мора да биде суво за да нанесете Xypex.
- За нанесувањето на Xypex не е потребна скапа подготовка или мазнење на површината пред примената
- Не може да се пробие, искине или распадне на рабовите.
- Не бара заштита при затрупување или при поставување челик, жичена мрежа или други материјали.
- Може да се примени од двете страни на бетонската површина – од негативната или позитивната страна (од страната на притисок на водата).
- За Xypex не е потребно запечатување, лепање и завршување на споевите на аглите, рабовите или помеѓу мембраните.
- Поевтин е да се примени од повеќето други методи.
Предности на примената
Системот со кристализација Xypex за хидроизолација на бетон значително се разликува од традиционалните заштитни производи, како мембрани и цементни облоги. Проверете ги овие разлики:
- Xypex создава кристална структура длабоко во порите и капиларните патишта на бетонската маса за да спречи продирање на вода и агресивни хемикалии. Спротивно на тоа, производите што создаваат бариера функционираат само на површината на бетонот.
- Бидејќи Xypex не е зависен од површинската атхезија за да го постигне својот хидроизолациски ефект, тој е отпорен на екстремен хидростатички притисок.
- Тој ќе ги запечати статичните микропукнатини до 0,5 мм.
- Не подлежи на проблеми со влошување со кои се соочуваат мембраните.
- Xypex е постојан и се активира повторно секојпат кога е присутна вода.

Квалитетот на Xypex и животната средина
Создадени преку децении научни истражувања и тестирања во лабораторија и на терен, производите на Xypex се произведени да ги надминат највисоките стандарди на индустријата. Нашата постапка за контрола и обезбедување на квалитет е сертифицирана за усогласеност со стандардот ISO9001:2015, Британскиот одбор за подобност, Техничките спецификации и Директивите на Европската заедница. Затоа, инженерите, архитектите и експертите за бетонски материјали ширум светот го назначуваат Xypex за хидроизолација и заштита на нивните бетонски структури.
Стандарди и тестови на Xypex
Постојаната доследност и довербата во работата, производите и услугите на Xypex произлегуваат од нашето строго придржување кон овие системи и стандарди за квалитет. Оваа фокусираност, исто така, обезбедува рамка за постојано подобрување и зголемени придобивки за нашите клиенти низ целиот свет.