Patch’n Plug
Xypex Patch’n Plug претставува специјално дизајнирана, хидраулична цементна смеса со можност за брзо поставување, која не се стеснува, има цвста кохезија и се користи за крпење и поправки на бетон. Patch’n Plug го запира текот на водата за неколку секунди и се користи за пополнување пукнатини, дупки и други неправилности во бетонот.

Предности
- Една компонента (едноставно додадете вода)
- Многу брзо фиксирање
- Содржи уникатна хемија со кристали на Xypex за самостојно санирање на пукнатините и останатите дефекти
- Брзо враќање во работа на структурите за задржување вода
- На цементна основа — компатибилен со бетонски и ѕидарски подлоги
- Нетоксичен
- Нема испарливи органски соединенија (VOCs)
- Сертифициран според NSF 61
Се препорачува за
- Запирање на активниот проток на водата низ пукнатините
- Поправка на бетонски подлоги пред нанесување на материјалите за обложување на Xypex
- Поправка на градежни споеви што протекуваат
- Запечатување околу продори на цевки
Пакување
Достапно во канти од 9,1 кг и 27,2 кг.
Покриеност
Една канта Xypex Patch’n Plug од 27,2 кг ќе даде 0,0154 кубни метри малтер.
Складирање
Производите на Xypex мора да се чуваат суви на минимална температура од 7 °C. Рокот на траење е две години кога се чуваат во соодветни услови.